Општина Валандово поседува скромен возен парк – Администрација се вози во „Југо“ старо 22 години

Според истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации, Општина Валандово поседува скромен возен парк кој го сочинуваат три патнички возила.

Најскапото возило со кое управува Општината е „Шкода – Јети“ од 2010 година, со вредност од 927.000 денари. Покрај „Јети“-то, на општинскиот паркинг е и десетгодишното „Форд Мондео“, купено 470.000 денари, а на располагање на административците им стои и „Југо – Корал“ од 1996 година, набавено 2005 година по цена од 150.000 денари.

Според истражувањето, најскапо возило во југоисточна Македонија поседува Општина Ново Село, т.е. „Цитроен – Ц5“, купено 2013 година по цена од 1.813.526 денари.

Најстарото возило од соседните општини е во функција на вработените во Општина Богданци, а станува збор за 31-годишен „Мерцедес Бенз – 300 Д“.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.