Доколку патувавте во ризична држава и имате симптоми на коронавирус не одете кај матичен лекар – обратете се на овој број

Доколку се вративте од патување во некоја од ризичните држави, во кои се пријавени инфекции со новиот коронавирус „Ковид-19” немојте да одите на лекар.

Во моментов, доколку навистина сте заболени со новиот коронавирус и појдете на лекар, го изложувате и медицинскиот персонал како и пациентите во ординацијата на опасност од зараза.

Во ваков случај јавете се на телефонскиот број 072/235-543 на Центарот за јавно здравје од Струмица или 078/545-444 Подрачната единица за јавно здравје во Гевгелија.

Со пријава на еден од телефонските броеви соодветна медицинска екипа ќе ве посети во вашиот дом и ќе започне со грижа за вашето здравје.

Симптоми на инфекција со коронавирусот се треска, кашлица, губење здив и отежнато дишење. Во повеќето случаи предизвикува симптоми слични на вообичаена настинка, но кај луѓето со нарушен имунитет може да предизвика и воспаление на белите дробови или бронхит.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.