Швајцарската амбасадорка Зутер Техада во посета на општина Валандово

Швајцарската амбасадорка, Н.Е. Сибил Зутер Техада, заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов и претседателот на Совет, Владимир Марков го посети СОУ “Гоце Делчев” Валандово, кое е едно од трите училишта во кои претходниот период беше инсталирана нова компјутерска опрема со која целосно се опремија нови училници по информатичка технологија

Опремувањето на новите училници е проект за чија реализација се одлучи на граѓански форуми организирани во општина Валандово. Со гласање на форумите, учесниците, го избраа проектот “ИКТ лабораторија со соодветна хардверска и софтверска опрема и училишен медиум” да се имплементира во општината, а истиот ги опфаќаше трите општински училишта.

За реализација на овој проект, беше предвиден фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирани од УНДП.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.