Проектната документација за експресниот пат Струмица – Валандово готова до крајот на годината

До крајот на годината ќе биде изготвената техничко-проектната документација за експресниот пат од Струмица преку Валандово до автопатот А1 изјави министерот за транспорт и врски Бочварски во телевизиско интервју.

По проектирањето, како што изјави министерот, ќе следи процесот на изнаоѓање финансиски средства за реализација на проектот, отпочнување со тендерски постапки, експропријација на земјиштето и реализацијата за што Министерството ќе направи напори да започне што е можно поскоро.

Изработката на ваква инфраструктура е да им се овозможи на граѓаните и компаниите брзо да наоѓаат патишта за транспорт до нашите околни земји и Скопје со што ќе се помогне извозот, а новиот пат ќе даде сериозен финансиски бенефит како и нови инвестиции во регионот истакна Бочварски.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.