Со апликацијата „мЗаедница” валандовчани активно се вклучуваат во носењето одлуки

Мобилната апликација „мЗаедница” наскоро ќе стане достапна и за жителите на општина Валандово.

„мЗаедница” е мобилна апликација која на граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да комуницираат со локалната самоуправа и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината.

Апликацијата има три основни компоненти како пријавување проблеми, споделување предлози и покренување на граѓански иницијативи, а нуди можност за директна комуникација со локална самоуправа, поврзување со сите корисници на мобилната апликација како и поврзување со социјалните медиуми.

„мЗаедница” е дел од проектот „Вклучена младина за м-партиципација” е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а го реализира Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Овој проект е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.