Пред 76 години, македонските партизани со поддршка од локалното население во антифашистичката коалиција го ослободиле и Валандово од фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна.
Денес, по повод „6-ти Ноември” денот на ослободувањето на Валандово отворена е изложбата од историски карактер „За слободно Валандово“, а ќе биде положено и цвеќе на Споменикот на паднатите борци на НОБ во паркот „Пеонија” во Валандово.
Овогодинешното празнување на Денот на општината ќе заврши со доделувањето на највисокото општинско признание, наградата „6-ти Ноември”, која годинава Советот на Општина Валандово му ја додели на доктор Димитар Гетов.