Втората дистрибуција на бесплатни вакцини против сезонски грип е пристигната во ЈЗУ Здравствен Дом-Валандово.
Вакцинирањето ќе започне да се одвива од утре преку закажување на системот „Мој термин” од страна на вашиот матичен лекар.
Од утре после 11 часот започнува и вакцинирањето против сезонски грип, за граѓаните кои не спаѓаат во петте категории на пациенти кои добиваат бесплатна вакцина, односно започнуваме со комерцијалната вакцинација која ќе чини 800 денари и ќе се спроведува во просториите на ХЕС службата во ЈЗУ Здравствен дом -Валандово од страна на Центарот за јавно здравје- Струмица.