Тестирања за Ковид19 ќе се вршат и во Валандово благодарение на донација од компанијата „ЈБТ Ари и Том“

Со цел зголемување на достапноста на тестирање и брзо откривање на лицата позитивни на вирусот на Sars Cov-2 , нивно изолирање и пронаоѓање на контакти а во насока на намалување на трансмисијата на КОВИД-19.

Во текот на денешниот ден беше монтиран пункт за спроведување на тестирање, кој ќе функционира како независен објект во склоп на ЈЗУ Здравствен Дом Валандово за спроведување на антигенски брзи тестови.

Новиот пункт е целосно донација на вландовската компанија “ЈБТ Ари и Том” и е даден на користење на ЈЗУ Здравствен дом-Валандово до завршувањето на пандемијата.

Термини за тестирање во Валандово од утре ќе бидат во системот „Мој термин”.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.