Се гради полетиште за параглајдеристи на месноста викана „Татарлиска Чука“

Клубот за екстремни спортови „Пеликан – Екстрем“ од Стојаково, во соработка со градежната компанија „Жикол“ од Струмица, отпочнаа со изградба т.е. проширување и приспособување на теренот за ново полетиште за параглајдеристи, на територијата на општина Валандово.

Полетиштето е на патот Валандово – Чалакли, над каменоломот, на месноста викана „Татарлиска Чука“.

Клубот „Пеликан – Екстрем“ постои повеќе од три години и е заслужно за голем број на палаграјдерски настани на југоистокот, како и пронаоѓање и приспособување на нови терени за полетување во регионов.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.