Валандово и други четири населени места со ризик да останат без специјалисти интернисти

Од Здружението на интернисти на Р.М. укажуваат дека состојбата со бројот на лекари – специјалисти интернисти во Македонија станува загрижувачка, посебно во источниот регион каде бројот на интернисти драстично се намалува.

„Неколку градови како Берово, Пехчево и Македонска Каменица веќе немаат интернисти, а ако се следи просекот на возраста тогаш многу веројатно истото ќе се случи и со другите градови како Делчево, Радовиш, Валандово, Богданци и Кочани, каде токму во овој град веќе има најава за напуштање на тројца интернисти од општата болница. И покрај тоа што во изминатите години Здружението на интернисти одржа голем број на стручни состаноци како наша обврска за повисока стручност и лично стручно усовршување, лошите политики во здравството доведоа до ситуација каде ваквите напори тешко ја достигнуваат својата цел и доведоа да се наруши довербата помеѓу нас и пациентите“, велат од Здружението на интернисти.

Денес, и тернистите испратија и апел до Министерството за здравство за унапредување на условите во кои работат специјалистите интернисти и будно да се следи структурата на здравствената мрежа која од ден во ден го менува својот карактер, најмногу во насока на недостаток на интернисти.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.