По 9 месеци пауза повторно ќе се полага возачки испит на југоистокот

Кандидатите за возачка дозвола за сите видови категории, кои ја имаа поминато обуката низ автошколите од Југоистокот, веќе нема да патуваат за полагање на завршниот испит во Штип и Велес. Фирмата „Испитен центар Струмица“ доби лиценца за работа по распишаниот јавен повик на МВР, откако на претходниот „Ас Струмекс“ му истече десетгодишната дозвола, јави денес порталот „Сакам да кажам“.

Во Југоистокот речиси девет месеци не се полагаше за возачка, поради што околу 1.000 кандидати од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија мораа да чекаат или да патуваат во некој друг испитен центар за да го завршат теоретското и практичното тестирање за да добијат дозвола.

Повеќе

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.