Група граѓани, кои повикуваат на бојкот на претстојниот референдум, поставија транспаренти долж оградата на булеварот „Првомајска“.
На транспарентите можеа да се забележат пораките „#Бојкотирам“, „Никогаш северна, секогаш Македонија“ како и „Само една има вистина, има една Македонија“.
Транспарентите се поставени паралелно со одржување на трибината „Излези за европска Македонија“ која се одржа во паркот „Пеонија“ во Валандово, а на која учество зеде и премиерот Зоран Заев.