Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, денес организираше прием за ученици и професори од најстарото земјоделско училиште на Балканот, формирано во 1972 г., СУ „Соња Маринковиќ“ од Пожаревац, Србија.
Учениците и професорите, се во Република Македонија преку проект финансиран од ЕУ. Целта на проектот, е учениците кои се вклучени во реализацијата на проектот да се здобијат со теоретски и практични знаења од областа на органското овоштарство, како и да се поттикнaт на производство на органски култури во иднина.