Утре онлајн ќе се одржи 40. редовна седница на Советот на Општина Валандово

Утре, 30-ти октомври, ќе се одржи черириесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Поради здравствената криза седницата ќе се одржи онлајн, преку платформата Microsoft Teams.

На дневен ред ќе се најдат 12 точки меѓу кои и точката за дополнување на Деловникот и доделување на шестоноемвриската награда.

ДНЕВЕН РЕД:

1. Предлог – Одлука за  дополнување на Деловникот на Советот на Општина Валандово;

2. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2020 година до 30.09.2020 година;

3. Предлог – План на програми за развој;

4. Предлог –  Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;

5. Предлог – Одлука за определување на широчината на заштитен крајбрежен појас на водотекот „К 1“ и „К2“ во опфатот на градот Валандово;

6. Предлог – Одлука за определување на широчината на заштитен крајбрежен појас на водотекот „К 1“, „К2“ и „К3“ во опфатот на село Пирава;

7. Предлог – Одлука за определување на широчината на заштитниот крајбрежен појас на водотекот „К 1“во опфатот на село Брајковци;

8. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Валандово за 2020 година;

9. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема во Општина Валандово за 2020 година;

10. Предлог – Програма за изменување и дополнување на урбанистички план за село Јосифово;

11. Предлог Одлука за одобрување средства за реализација на програмски активности на ФК „Младост “ Удово;

12. Предлог – Одлука за доделување на наградата „6-ти Ноември“ и годишно признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината;

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.