Валандово е единствената општина без смртни случаи од Ковид-19

Општина Валандово е единствената општина според Институтот за јавно здравје која пријавила заболени, но сѐ уште нема смртни случаи од компликации на Ковид-19.

Во последното деноноќие на територијата на држава регистрирани се 22 нови смртни случаи, од кои најголем број се жители на Скопје.

Според извештајот на Министерството за здравство во последните 24 часа на територијата на општина Валандово не се регистрирани нови случаи на зараза со новиот коронавирус, додека тројца пациенти се оздравени, со што бројката на активни случаи изнесува 36.

На ниво на држава регистрирани се 1192 нови позитивни од 3211 тестирани.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.