На шестата седница на Советот на Општина Валандово, беше изгласана Предлог-одлуката за доделување на средства на ФК „Победа“ од Валандово во висина од 200.000 денари.
Градоначалникот Одлуката ја образложи како можност за етапно финансирање на клубот, со што, од ФК „Победа“ Валандово, во иднина ќе бараат поголема транспарентност и воведување на механизми за отчетност при трошењето на средствата од буџетот на Општина Валандово, како услов за добивање нови средства.
Дел од советниците изразија скепса за финансиската кондиција на Општината за финансирање фудбалски клубови кои играат во втората национална лига, водени од претходните искуства, кога Општината за клубот издвојувала и до 1.000.000 денари, но клубот, во недостаток на сериозни спонзори и понатаму функционирал со неизвесна иднина.