Денес на градскиот стадион во Валандово, Беласица ја забележа највисоката победа оваа сезона во Втората лига – Исток, совладувајќи го тимот на Победа од Валандово со сензационални 8:1.
Струмичани видно расположени за играње фудбал ја продолжија низата победи во лигата.
Во останатите натпревари од Истокот, Брегалница во Штип со 1:0 славеше против Тиквеш, а Борец убедливо со 4:1 ја деклаисра Плачковица. Потфрли Кожув со реми, 1:1 против Саса.