Одлуките од 3-ти и 10-ти јули 2017-та година, донесени од Советот на Општина Валандово, кои се однесуваат на распишување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против продолжувањето со работа на рудникот во Казандол стасаа и до Уставниот суд.
Судот поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на одлуките за референдумот со цел утврдување на правната издржаност, локалната власт во Валандово да распишува референдум за концесиите за експлоатација на минерални суровини кои не се од локално значење.
Иницијативата за судско спорење на одлуките е покрената од претходниот градоначалник на општина Валандово, Николче Чурлиновски.