Финишираат подготовките за објавување на тендерската документација за изведба на градежните работи на системот за наводнување во Јужната вардарска долина во делот на Валандово, соопшти Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на средбата со директорот на германската кредитна банка „KfW“ за Косово и Македонија, Рене Ешеман.
„Тендерската документација е изработена согласно новите правила за тендерирање на „KfW“ и, ги содржи сите карактеристики на меѓународен тендер. Сите воочени недостатоци од предходниот поништен тендер се корегирани, исто така корегирани се и техничките спецификации со цел да се овозможи транспарентност во понудите и можност за поголема конкурентност. Истата е пратена пред две недели на одобрување. Од страна на МЗШВ е одговорено на дополнителните прашања поврзани со приклучување на пумпната станица Страиште во тендерската документација. Исто така одговорено е и на барањето за пренос на инфраструктурата на Земјоделските задруги, дека истата ќе биде во согласност со процедурите запазени за Земјоделски задруги од првaта фаза, чиј трансфер беше направен во месец јануари. Со цел зајакнување на капацитетите на АД Водостопанство за управување со системот (АД ќе управува со главната пумпна станица Удово, главниот цевковод, препумпните станици и пумпната станица Страиште), во тек е оглас за вработување на оператори кои ќе бидат вклучени во процесот на градење и тренирани за оперирање на системот“
надополни Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.