Наркодилерот од Неготино продавал и во Валандово

Деновиве, на подрачјето на Неготино, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделот за крим полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за внатрешни работи Велес презедоа координирани мерки и активности.

По спроведената акција, приведен е неготинчанец, против кого ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ и ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка откако кај него се откриени повеќе видови дроги кои ги продавал претежно во блиските јужните градови во земјата, како Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица, на лица уживатели на дроги.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password