Денес во официјална посета на општина Валандово пристигна Амбасадорката на Република Србија во Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ.
Амбасадорката при посетата се сретна со градоначалникот Перо Костадинов и неговата администрација.
Српското малцинство е прво по големина во општина Валандово, со речиси 1.5% од вкупното население.
НАДОПОЛНЕТО: Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов со амбасадорката на Р. Србија во Р. Македонија, Гордана Дивјак Томиќ и конзулката на Р. Србија, Лилјана Танасијевиќ, во име на добрососедството и заедништвото, по завршувањето на средбата, положија свежо цвеќе на спомен костурницата во с. Удово.