На предлог на советникот Димче Балески, Советот беше запознаен со планираните активности на иницијативата „Спас за Валандово“

Советникот Димче Балески го запозна Советот на Општина Валандово за планираните активности на иницијативата „Спас за Валандово“.

Тој му посочи на Советот дека иницијативата „Спас за Валандово“ и еколошките иницијативи и здруженија од југоисточниот регион веќе планираат масовни протести за прекин на работата на Рударскиот комплекс „Казандол“.

Покрај другото и им забележа на советниците дека делуваат незаинтересирано и, очекуваат некој друг да ги решава проблемите во општината, а како пример ги посочи нивните колеги од Советите на Општините од опкружувањето кои, како што рече, се далеку поажурни по прашањето за запирање на изградбата на рудниците во регионов.

Како крај на своето експозе ја сподели и информацијата дека компанијата „Сардич МЦ“, сопственик на Рударскиот комплекс „Казандол“, чие седиште е во Пирава, узурпира и дел од парцела која е во сопственост на Општина Валандово, а за тоа никој досега не реагирал и не побарал физичка поделба на дворот.

По неговото излагање беше отворена и расправа, но никој не побара збор.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password