На вчерашната шеста седница по ред на советот на Општина Валандово, на предлог на градоначалникот Перо Костадинов беше изгласано оформување на „Општински солидарен фонд“.
Фондот е оформен со цел да се подобрат социјалните прилики во општината, да се поттикне солидарноста во заедницата и да се зголеме транспарентноста при трошењето на оптинските средства.
„Општинскиот солидарен фонд“ ќе помага во потребите на граѓаните кои се во лоша финансиска состојба и имаат потреба од лекување во државата и странство.
Средствата за овој Фонд ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Валандово, но и од други опшетвено одговорни физички и правни лица.