Отпочната постапката за прогласување на планините од југоисточниот регион и Дојранското езеро за национални паркови, за стопирање на рудниците

Како дел од борбата против рудниците на смртта, како што ги нарекуваат еко-активистите, иницијативите за спас на Валандово, Гевгелија и Струмичко, отпочнаа постапка за прогласување на планините од југоисточниот дел и Дојранското езеро за национални паркови.

Со ваквата иницијатива активистите сакаат државата да ги прогласи планините Беласица, Кожув и Огражден, како и Дојранското езеро за национални заштитени подрачја со што изградба и работа на рудници во тие делови би била забранета.

Постапката, која како што велат од иницијативата ќе биде макотрпна и долга, веќе ја отпочнале во координација со професори од Природно-математичкиот факултет од Скопје.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password