Според последната статистика на Институтот за Јавно здравје, во општина Валандово не е регистриран случај на лице заболено од грип.
Во текот на 7-та недела од 2018 година (од 12.02.2018 – 18.02.2018), во Република Македонија пријавени се 3.728 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што е зголемување за 26% во споредба со минатата недела.
Бројот на регистрирани случаи е повеќекратно повисок споредено со седмата недела од минатата сезона која се одликуваше со ран почеток.
Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ на располагање за вакцинација против сезонски грип за оваа сезона биле 27.997 дози на вакцина.
Искористени се сите набавени вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.