Средното училиште „Гоце Делчев“ ќе го разубави Валандово

Делови од Валандово, деновиве, ќе бидат хортикултурно уредувани со цвеќиња произведени и одгледувани од учениците на средното општинско училиште „Гоце Делчев“. Одредени дворни места на јавни институции во градот се веќе уредени со цвеќиња од „Цветната градина“ во сопственост на училиштето, каде учениците ја изведуваат својата практична настава.

Директорката Љубица Невеселова има големи очекувања за овој проект и се надева дека во иднина ќе произведуваат поголема количина на цвеќиња, со кои секоја година градот Валандово и сите јавни установи, ќе биде целосно хортикултурно украсени.

Собираните пари од продадените цвеќиња ќе бидат употребени за понатамошно зголемување на производството, покривање на трошоците за посета на саеми за учениците и други активности.

Наскоро се планира и проширување на стакленикот, за да учениците, можат подобро да ја изведуваат својата практична настава.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.