Наместо осмомартовски подароци, градоначалникот средствата ќе ги донира во „Интервентниот женски фонд”

Наместо осмомартовски подароци за жените во Општинската администрација, Градоначалникот Перо Костадинов донел одлука средствата во висина од 20.000 денари да ги донира во „Интервентниот женски фонд”

Фондот е формиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, а е наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина.

Одлуката за отворањето на овој фонд произлегла од донацијата од страна на претходниот Градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, кој за 8-ми Март, во 2017-та година, на Националната мрежа ѝ донирал 90.000 денари, средства пренаменети од осмомартовската прослава. Оваа донација е и првата донација во Фондот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.