Вечерва од 20 часот, премиера на претставата „Бомбите во Салонот Бумс“

Вечерва, во Кино салата при Културниот дом „25-ти Мај“, ќе се случи премиерата на претставата „Бомбите во салонот Бумс“ во режија на Кире Ѓоргиев.

Веќе подолг период, режисерот од Драмскиот аматерски театар на Македонија, работи на подготовките за премиерата на сатиричната комедија на Томислав Османли, заедно со средношколците од Валандово и регионот, кои како актери се појавуваат во истата.

Картите за претставата се веќе пуштени во продажба, по цена од 50 денари.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.