Кривична пријава за шефица на кабинетот на ДЗС за незаконско издавање овластувања на фирми од Валандово и Гевгелија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против М.Х од Скопје која се сомничи дека ги злоупотребила службената положба и овластување.

„Пријавената во 2008, 2013, 2014 и 2015 година во својство на службено лице – Шеф на кабинетот во Дирекцијата за заштита и спасување – Скопје, спротивно на членовите 45, 46 и 47 од Законот за пожарникарство, изготвила и издала „Овластување за одржување , сервисирање и испитување на противпожарни апарати“ и „Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси“ на правни лица од Валандово и Гевгелија“, соопшти МВР.

Осомничената исто така, издавала и Потврди за положен стручен истит на повеќе физички лица, кои за возврат и давале паричен надомест, од кои дел бил уплатен на нејзина сметка, а дел и бил дадван на рака, со што се стекнала со материјална корист, на штета на Дирекцијата за заштита и спасување Скопје.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password