Сардич МЦ контра изјавите на Министерството за економија: Условите за еднострано раскинување на договорот не се исполнети

Од компанијата „Сардич МЦ“, концесионер во Рударскиот комплекс „Казандол“, реагираат на изјавите на Министерот за економија дека условите за еднострано раскинување на договорот, за концесија за експлоатација на руда во Казандол се исполнети.

Во соопштението кое беше проследено до медиумите, компанијата се повикува на записник за вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат од 15-ти март, извршен по барање на Владата на Република Македонија.

„Доколку Владата одлучи еднострано да го раскине Договорот за концесија за експлоатација без да бидат исполнети условите за еднострано раскинување, инвеститорите ќе бидат принудени да поведат спор против Република Македонија, пред Меѓународната арбитража за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон, САД, со барање за надомест на штета од најмалку 380 милиони евра.“ стои во соопштението од Адвокатското друштво „Чакамакови адвокати“, како застапувач на Сардич МЦ.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.