На денешната седница на Владата на Република Македонија беше одлучено да биде еднострано раскинат договорот со компанијата Сардич за концесијата за експлоатација на минерални суровини, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол во општините Дојран, Валандово и Богданци, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
„Со оваа одлука договорот од 2015 година еднострано се раскинува зашто концесионерот не ја исполнил обврската во рок од две години од доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да експлоатира најмалку 50 проценти од експоатираната руда“ рече Заев.
„Екологијата е над секој приватен интерес во земјава“ порача премиерот Заев.