Со средства од Светска Банка, ќе се рехабилитира регионалниот пат P1109, односно трасата Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, во должина од 24 километри.
Одлуката денес на прес-конференција ја соопшти Премиерот Зоран Заев.
Покрај регионалниот пат Дедели – Гевгелија, ќе се продолжи и со рехабилитација на бавната лента на Валандовско брдо, со средства од Јавното претпријатие за државни патишта.