Валандовскиот ајвар хит во Москва

Во Москва, Русија, од 25-ти до 28-ми март, во комплексот „Фуд сити“, се одржа манифестацијата „Деновите на македонската зимница”.

На настанот организиран од Македонско-руската стопанска комора и Македонската асоцијација на преработувачи со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, учествуваше и валандовската компанијата за производство и преработка на конзервирани производи од зеленчук и овошје, „Дим Комерц”.

Петте компании од Македонија се претставиле со разновидна зимница, од ајвар, лутеница, пинџур, слатко и мармелада од смокви, до македонско гравче во тегла.

Сепак руските трговци најголем интерес покажале за македонскиот ајвар.

Според Сашо Ристовски, секретар на МАП, минатата година 32 членки на деловната асоцијација извезле вкупно 45 илјади тони конзервирано овошје и зеленчук, пред се во западноевропските и прекуокеанските земји, а од тоа само 121 тон во Русија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.