На овогодинешното, осмо по ред издание на „Д Фестивал“, на 7-ми јули, на главната фестивалска сцена, ќе настапи британската електро-денс сензација, триото „Дисајплс“.
Музичкиот фестивалот во Дојран, годинава ќе се одржи од 6-ти до 8-ми јули, на четири бини, со настапи на повеќе од 60 изведувачи.
Покрај „Дисајплс“, во Дојран пристигаат и „Коала војс“, „Конспираси“, Дуке Бојаџиев, контроверзниот руски бенд „Пуси рајот“, Горан Трајкоски, „Палиндром“, „Финк“, „Ху си“ и уште многу други кои организаторот допрва треба да ги објави.
Информации за тоа како можете да се снабдите со карти за настанов ќе да најдете на официјалната веб страница.