Со „#ЗбогумУзурпатори” граѓанската иницијатива „Спас за Валандово” ќе го слави затворањето на рудникот во Казандол

Денес, во 19.30 часот, во паркот „Пеонија” во Валандово, граѓанската иницијатива „Спас за Валандово” организира прослава по повод затворањето на рудникот во Казандол.

На настанот ќе бидат поделени и плакети за особен придонес, во, како што тие ја нарекуваа, борбата против рудниците на смртта.

„Спас за Валандово” е неформална граѓанска иницијатива, која изминатиот период беше најгласен поборник за затворање на Рударскиот комплекс „Казандол”.

Денешната прослава е одговор на Одлуката на Владата за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на руда во локалитетот Казандол, со компанијата Сардич МЦ.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.