Во Општинското средно училиште во Валандово, годинава, 170 слободни места

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2018/2019-та година во Република Македонија.

Во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово, годинава ќе бидат запишани вкупно 170 ученици, од кои 68 во гимназиско образование, а 102 ученика во земјоделско – ветеринарната струка.

За разлика од Валандово, каде бројот на новозапишани ученици во средното општинско училиште останува непроменет од ланската година, средното училиште во Богданци годинава бројот го зголеми на 204 ученика, со воведување на нова здравствена струка.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 18-ти и 19-ти, а второто на 28-ми јуни.

За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година и испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.