Санирани се штетите по вандалскиот чин кој се случи пред два дена, при што беа оштетени поголем број од седиштата на трибината на градскиот стадион во Валандово.
При денешната посета на стадионот можеше да се забележи дека трибината е вратена во првобитната состојба, а стадионот е целосно функционален.
Случајот, вчера беше пријавен кај надлежните органи, од каде известија дека се прават напори за пронаоѓање на сторителите.