“Реакција на соопштението на советничката група на ВМРО Дпмне Валандово“
Почитувани,
Во соопштението на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Валандово, кое денес (10.05.2018г.) е проследено до јавноста, се наведени неколку небулози и многу ноторни лаги.
Како советничка група на СДСМ, на нашите ценети колеги од ВМРО ДПМНЕ, им порачуваме, конечно да се разбудат од сонот во кој се со години наназад и да почнат да се однесуваат согласно функцијата која им е доверена од граѓаните на општина Валандово. Како долгогодишни советници и високи функционери на претходно владејачка партија заборавиле на вистинската задача на функцијата советник и граѓански покорник, се претвориле во гласачка машина по партиска наредба со длабока потонетост во комотниот комформистичи дискурс. Целосно некритички и неоправдливо егоистички се покориле на партиската хиерархија и за ситни материјални благодети заборавиле на граѓанскиот интерес.
Со искрени пријателски мотиви, како и со цврста решеност за создавање на едно општество за сите, со максимална вклученост на сите инклузивни општествени фактори, нашите колеги советници од ВМРО ДПМНЕ, ги советуваме најпрво да си го прочитаат а потоа и да го научат Статутот и Деловникот за работа на Советот на општина Валандово и со добронамерност, да се вклучат во градењето на подобра општествена заедница и прогресивна иднина за идните генерации.
За таа цел, како советничка група на СДСМ, ги повикуваме нашите колеги од ВМРО ДПМНЕ, да се надраснат себеси и да престанат со злоупотребата на Советот на општина Валандово. Да ја остават јавноста сама да суди за нивните успеси во дведецениското управување со општината и за нивното однесување на седниците на Советот на општина Валандово.
Советничка група на СДСМ Валандово