Одржана вежба на ТППЕ Валандово по повод Денот на пожарникарите

Денес, по повод Денот на пожарникарите, беше одржана вежба од страна на припадниците на ТППЕ Валандово.

Пожарникарите ја изведоа показно-тактичката вежба за спасување на настрадани лица по тешка сообраќајна несреќа, со цел да се види види нивната подготвеност во случај на извлекување на лица заглавени во возило.

На вежбата присуствуваа градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, како и ученици од општинските училишта и дечињата од детската градинка.

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.