Во сабота, со почеток од 12.00 часот, во паркот „Пеонија“, ќе се одржи „Фестивалот на дивите смокви“.
На отворање на фестивалот збор ќе семат Наќо Кимов, лидер на Слоу Фуд – Валандово и Градоначалникот, Перо Костадинов.
На настанот ќе се одржи и презентација, како и јавна дебата за досегашната работа и можностите за соработка на Слоу Фуд Македонија во југоисточна Македонија.
Организаторите на фестивалот на присутните ќе им демонстрираат и подготовка на слатко од диви смокви, по што ќе следи и дегустација на слаткото, размена на рецепти и искуства.
Покрај слаткото, за дегустација ќе бидат достапни и останати производи од мали производители од регионов.
Во забавниот дел на настанот ќе настапат „Детски Фолклорен Ансамбл – Валандово“, „Распеани валандовчани“ и „Бед Опсешн“.