ЈП „Комунален сервис“ од Валандово ќе набави софистицирана потопна пумпа во вредност од два и пол милиони денари

Комуналниот сервис од Валандово објави оглас за набавка и монтажа на софистицирана потопна пумпа со електромотор со јачина од 75kW, кои треба да ги заменат досегашните дотраени пумпи со јачина од 45kW односано 25kW.

Новата потопна пумпа би била монтирана на големиот бунар со отвор Ф300мм кој се наоѓа во близина на село Чалакли.

Директорот на претпријатието, при своето излагање на една од Седницитие на Советот на Општината нагласи дека поради лошата состојба во која се наоѓа постоечката пумпа неисплатливо повеќе да се поправа и ремонтира.

Оваа пумпа треба комплетно да ги задоволи потребите со вода за пиење на населението од населените места Валандово, Раброво, Чалакли, Дедели и Индустриската зона „Раброво“.

Проценетата вредност за набавка и монтажа на потопната пумпа изнесува два и пол милиони денари.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.