Истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации, кое го мери општото ниво на активна транспарентност на Владата, министерствата и општините, покажа дека Општина Валандово бележи значително уназадување во однос на 2017-та година.
Според истражувањето, минатогодишниот индекс на Општина Валандово од 32.8% и е намален за цели 20.9%, на 11.9%.
Од ланската 64-та позиција, годинава сме на 83-то место, што претставува пад од 19 позиции. Ваквата промена со сигуност ја вбројува Општина Валандово во општините со многу слаба проактивна транспарентност.
Овој пад придонесе Општина Валандово да биде последна во југоисточниот регион, со цели 7.5% позади претпоследната, Општина Конче. Во однос на прворангираната општина, Општина Струмица, заостануваме со 61.2 индексни проценти.
Индексот на активна транспарентност за годинава изнесува 43,5 проценти (од можни 100 проценти) и спаѓа во рамките на „просечна“ транспарентност. Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5 проценти).
Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.
Истражувањето е спроведено во рамките на програмата „Цивика Мобилитас“ која ја поддржува годишната програмата на Центарот за граѓански комуникации.