Почна ликовната колонија „Валандово 2018-та“ во организација на Домот на културата „25-ти мај“.
На колонијата учествуваат еминентни сликари од Македонија, Унгарија, Турција, Романија, Албанија и Бугарија. Тие до сабота ќе сликаат на атрактивното место под Кулата, во близина на манастирот „Св.Ѓорѓи“.
На оваа колонија учествуваат сликари од различни генерации – годинава претежно млади, од кои повеќето се жени.
Ликовната колонија во Валандово, со мали прекини се одржува од 1987 година до денес.