Закажано второто прскање против комарци на југоистокот

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци.

Во општина Валандово, како и останатите девет општини од регионот, второто прскање против комарци е планирано да се изврши во недела (29.07.2018 година) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 30.07.2018 година во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password