Во Валандово е започнато хортикултурното и партерно уредување на јавната површина, која се наоѓа на аголот од улиците булевар „Првомајска“ и улицата „Моша Пијаде“.
Како дел од уредувањето се опфатени санирање на дел од тротоарот, поставување на автобуска постројка, паноа со апстрактни фотографии, клупи за седење и корпи за отпадоци.
Уредувањето се врши по претходно спроведена јавна набавка на системот за јавни набавки.