Најголемиот културен амбасадор на Општина Валандово од 30-ти aвгуст до 3-ти sептември ќе ја претставува Општина Валандово и Република Македонија на фестивал во Република Турција.
КУД „Гоце Делчев“ ќе биде дел од јубилејниот 20-ти по ред интернационален фестивал „Sirimgi Yağcılıdir Carpet Culture and Art Days“ во местото Синдирги, организиран од Фолклорен институт на Анкара.
На фестивалот ќе ја претстават Македонија со сплет од повеќе традиционални ора и песни на повеќе настапи во текот на гостувањето. Освен од Македонија учесници ќе има уште од 15 други земји.
Деновите додека трае фестивалот претставуваат празник за градот Синдирги. Презентацијата на традицијата за рачно изработените теписи и ткаенини се во главниот фокус на фестивалот, а исто можат и да се купат и уникатни рачни изработки.