Со над 10.000 посетители заврши првото издание на „Josifovo Summer Fest“

По само еден ден од крајот на првото издание на „Josifovo Summer Fest“ сѐ уште не стивнуваат емоциите, а за одличната организација на фестивалот – надалеку се слуша.

Според проценките на организаторите со околу 10.000 посетители заврши првото издание на „Josifovo Summer Fest“ и тоа од Скопје, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Валандово и други градови од земјава. Без ниеден инцидент поминаа двете фестивалски вечери, благодарение на големиот број на припадници на МВР, кои специјално за фестивалот беа ангажирани од неколку општини и тоа Валандово, Гевгелија, Богданци и Струмица – велат организаторите.

Велат дека се задоволни затоа што идејата за фестивал на отворено во Јосифово беше успешна и што успеале да создадат бренд кој ќе остане запаметен во историјата на Јосифово. Исто така, овој фестивал е веќе ставен на мапата на фестивали на отворено во Македонија, со што се очекува од година во година се повеќе да расте. На прашањето дали наредната година можеме да очекуваме три, наместо две фестивалски вечери – организаторите велат дека е уште рано, но ако не догодина, тогаш за две-три години отсега и дека намерата е фестивалот постепено да расте. Она на што се особено горди организаторите се пофалбите од сите изведувачи за одличната организација.

Организаторите се особено благодарни на сите оние кои помогнаа оваа идеја да се реализира и се надеваат дека истата поддршка ќе ја добијат и догодина. Благодарност упатуваат и до сите кои го посетија фестивалот, институциите кои помогнаа, изведувачите, како и јавните лица, водителките и медиумите кои придонесоа фестивалот да изгледа и звучи светски.

Од неформални извори дознаваме дека за време на двете фестивалски вечери, испиени се над 10.000 пива.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password