Стабилното и топло време продолжува и во наредните два дена. Денес времето во Валандово, поточно во Јосифово ќе биде стабилно и топло со услови за појава на локална облачност. Ќе дува слаб ветер од Југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 18° до 24°, додека пак, максималните дневни температури ќе се искачат до 34°.
Ноќните температури ќе се движат во интервал од 17° до 27°.
Во сабота времето исто така ќе биде стабилно и топло со појава на локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 19° до 24°, додека пак, максималните дневни температури ќе се искалат до 34°/35°.
УВ индексот ќе има вредност 8.
Ноќните температури ќе се движат во интервал од 19° до 26°.
Прогнозата ја подготви: Костадин Павлов – метеоролог