Во рамките на летниот караван на активности што се спроведуваат преку граѓанската платформа „Мрдни со прст“, на 1-ви септември (сабота) во Валандово ќе биде организиран спортско – забавен настан.
На настанот, фитнес инструкторката Маја Талевска, ќе одржи час на отворено, а за забавниот дел ќе бидат задолжени Мартин 99 и Тони Зен.
Сите заинтересирани ќе можат да присуствуваат на овој спортско – забавен настан кој ќе се одржи во паркот „Пеонија“ во Валандово, со почеток од 11.00 часот.