На 02.09.2018 година, со почеток во 09.00 ч., по патниот правец Удово-Валандово, Општина Валандово организира “Трка на мирот“.
Трката се организира по повод денот на завршувањето на Втората светска војна и истата има за цел преку потсетување на ужасите од тој период да се прати порака за мир, соживот и благосостојба во светот, како и да се поттикнат граѓаните на спорт и здрави животни навики.
Поради безбедност на учесниците во трката, сообраќајот по патниот правец Удово-Валандово, во периодот од 08:30 ч. до 11:00 ч. ќе биде пренасочуван по Регионалниот пат Р–1401 во правец Валандово-Марвинци и по Магистралниот пат А-1 во правец Марвинци-Удово. Во спротивна насока сообраќајот ќе биде пренасочен по Магистралниот пат А-1, во правец Удово-Марвинци и по Регионалниот пат Р-1401, во правец Марвинци-Валандово.